Шефот на „Амазон“ ги предупреди вработените: „Работете од канцеларија или барајте нова работа“

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Шефот на „Амазон“, Енди Џеси, им порача на вработените во компанијата да се вратат на работа од канцеларија или да бараат работа на друго место.

Според Business Insider, на интерен состанок на „Амазон“ Џеси им рекол на вработените дека мора да работат од канцеларија најмалку три пати неделно.

Тој ги заобиколил прашањата на дел од учесниците на состанокот кои се интересираа како е донесена таа одлука.

„Времето на политиката на несогласување и извршување заврши“, рече Џеси, додавајќи дека не е во ред некои вработени да работат најмалку три дена од канцеларијата, додека други одбиваат да го сторат тоа.

Политиката на несогласување и извршувања (disagree and commit) е менаџерска практика во „Амазон“, според која вработените се обврзани да ги оспоруваат предлозите кога не се согласуваат со нив, но во исто време мора целосно да ги спроведат кога ќе биде донесена одлука.

„Амазон“ полека ја заострува својата реторика против оние кои не сакаат да ја почитуваат политиката да се враќаат во канцеларија најмалку три пати неделно.

Како што претходно објави Insider, минатиот месец компанијата воведе мерка според која секој вработен кој не се придржува до канцелариското работење најмалку три пати неделно ќе биде принуден на „доброволен отказ“.

Слични содржини