Шефот на американските разузнавачки служби тврди дека Кина работи на развој на „биолошки подобрени“ војници.
Кина спровела тестирање на својата војска во надеж дека ќе создаде биолошки подобрени трупи, изјавил високиот американски разузнавачки службеник Џон Ратклиф.
Ретклиф, кој бил директор на Националната разузнавачка служба на Трамп, предупредил дека Кина „денес претставува најголема закана за Америка“.
„Податоците се јасни: Пекинг има намера да доминира во САДи остатокот од планетата економски, воено и технолошки. Многу големи кинески јавни иницијативи и истакнати компании нудат само слој камуфлажа за активностите на кинеската комунистичка партија“, изјавил тој за „Волстрит журнал“.
Ратклиф истакнал дека Кина се потрудила да ја постигне својата цел.
„Американските разузнавачки служби покажуваат дека Кина дури извршила тестови врз припадниците на својата војска во надеж дека ќе развијат војници со биолошки подобрени можности“, напишла тој, додавајќи дека „нема етички граници во потрагата за моќ во Пекинг“.