Шефот на Барса: Подготвен сум да го вратам Нејмар

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу изрази подготвеност да го врати во тимот Нејмар, кој го напушти тимот во насока ПСЖ во текот на летото.

„Јас сакам кога најдобрите фудбалери играат во Ла Лига. Се разбира дека сум подготвен да го вратиме Нејмар“, отсече Бартомеу и налеа масло на огнот, бидејќи Бразилецот мисли за враќање во Шпанија, а Барса и Реал се можните дестинации.

Зборовите на босот се доста изненадувачки, бидејќи тој се одметна од позицијата која ја зазеде пред околу месец и половина.

„Не сметам дека треба да го враќаме. За нас би било уште едно понижување по целата сага, која требаше да преживееме во минатото лето. Сепак Барселона има свое достоинство и треба да го чува“, изјави тој во март.

Во исто време Бартомеу увери дека иднината на тренерот на Барса Ернесто Валверде во тимот е сигурна и нема да влијае елиминацијата од Рома во Лигата на Шампионите.

„Гласините се лаги. Тој има договор за две години, тоа е неговиот проект. Ние сме среќни со Валверде, редовно си зборуваме. Никој не може да се сомнева во него по завршената работа од летото наваму. Настанот со Рома беше лош, но никој во менаџментот не се сомнева во тренерот“, рече Бартомеу.

Слични содржини