218
Претседателот на Беневенто, Оресте Вигорито прокоментира на многу интересен начин како успеал да ја оствари зделката со Бакари Сања.
Поранешниот играч на Манчестер Сити и Арсенал изненадувачки потпиша со италијанскиот „фенерџија“ минатата недела откако беше слободен агент.
Пред натпреварот со Рома, Вигорито изјави: „Како го убедив Сања? Можеби беше пијан во тој момент!“
„Всушност, разговарав со него додека беше на одмор во Неапол и мислам дека му вдахнав инспирација да се врати кон детството и да следи еден сон. Тој е тука само неколку дена, но тој веќе е пример за сите во клубот“, смета шефот.
„Тој е голем човек прво, а потоа и одличен фудбалер“, додаде Вигорито.