Спортскиот директор на Брентфорд, Фил Џајлс, ја коментираше ситуацијата околу можниот трансфер на Брајан Мбуемо во Манчестер Јунајтед, испраќајќи јасна порака дека договор е можен, но само по вистинска цена.
„Црвените ѓаволи“ веќе неколку недели разговараат со своите колеги и веќе дале две понуди кои биле одбиени, но преговорите се во тек.
Според локалните медиуми, Лондончани се подготвени да се разделат од Мбуемо за околу 70 милиони евра, но „Олд Трафорд“ сè уште не се подготвени да ја достигнат таа сума.
„Постои значителен интерес за Брајан. Мислам дека доволно се зборуваше за неговите желби, но мислам дека и тој и јас разбираме дека е среќен да остане во Брентфорд уште една година доколку е потребно. Тој имаше неверојатна сезона минатата година и се очекуваше дека ќе има сериозен интерес. Разговаравме со него и неговите претставници и не е сигурно дека ќе си замине. Доколку ја добиеме вистинската понуда, потенцијално би можел да има договор, но тоа е сè што можам да кажам за ова прашање. Ќе видиме“, рече Џајлс, испраќајќи директна порака до Манчестер Јунајтед дека „пчелите“ ќе сакаат да бидат исполнети нивните услови за да го пуштат играчот на „Олд Трафорд“.