Шефот на Џенова: Не сум спиен неколку дена поради Балотели

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Претседателот на Џенова, Алеберто Зангрило призна дека клубот е во интензивни преговори со поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели, кој најверојатно ќе му се приклучи на клубот како слободен играч.

Сепак, шефот на Џенова призна дека таквиот трансфер е вистински предизвик за него и неговиот тим. Според Зангрило, тој не спиел со денови за да го придвижи договорот напред.

„Не се согласувам со оние кои велат дека неговото доаѓање може да го вознемири тимот. Мислам дека како потенцијал Супер Марио е најдобриот центарфор во последните дваесет години. Убеден сум дека Балотели може да стане играч каков што беше Мараси. Неговиот трансфер во Џенова е предизвик кој ме остави без сон неколку дена. Никогаш не би се откажал од Марио. Сакам романтичен фудбал“, изјави претседателот на Џенова.

Слични содржини