Шефот на ДПИ: Леб има и се продава по цена до 33 денари!

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Првиот човек на државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, на својот ФБ профилс подели дека „леб има и се продава по цена до 33 денари“.

„Леб има и се продава по цена до 33 денари! Инспекторите и денес се на терен! Следи замрзнување на цени и на други производи!“, сподели тој.

Вчера тој ги поздрави Одлуките кои ги донесе Владата затоа што се „целосно во интерес на граѓаните“ и ги пофали производителите на леб, „кои спротивно на уцените, доставуваа леб во маркетите“.

-Ако се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни во согласност со Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, затоа апелирам да се почитуваат Одлуките, а ние како институција и понатаму сме на терен да ја следиме состојбата и да постапиме при евентуални прекршувања на законските одредби! Граѓаните не смеат да трпат заради туѓи лични интереси! Мерките се насочени кон тоа да им се олесни состојбата на граѓаните во ваков кризен период и нивната злоупотреба е апсолутно недозволива. Кризата не е време за мислење само на себе и на профит, туку потребно е да имаме разбирање едни кон други, да помагаме и да бидеме солидарни, сподели тој.

Слични содржини