Шефот на Ферари, Жан-Марк Васур, цврсто застана зад Луис Хамилтон, и покрај тешкиот старт на британскиот возач во Скудерија оваа сезона. Откако Хамилтон победи на спринтот во Кина, но разочара во главните трки со најдобар финиш од 5-то и само 7-мо во Џеда, притисокот околу него растеше, но Васур остана мирен и уверен во потенцијалот на легендата.
„Јас стојам зад него 2.000%. Целосно ќе го поддржам и ќе продолжиме да бараме решенија за проблемите. Искрено, сепак, не сум премногу загрижен. Потенцијалот е видлив, само треба да го најдеме вистинскиот баланс, особено кога станува збор за неговата работа со гумите. Приказните за неговата форма се тотална глупост. На крајот, кога тој оди во конкуренција, разликата е минимална, но критиките се зголемуваат“, рече Васур.
Ферари и Хамилтон се уште го наоѓаат вистинскиот пат заедно и, и покрај напнатоста, Васур истакна дека смиреноста и трпеливоста се клучни.
„Потребна ни е смиреност. Како тим мораме да одиме чекор по чекор. Никогаш не би рекол дека случајно станал светски шампион. Ние сме тим и заедно постигнуваме добри резултати, но и не толку добри. Луис е во преоден рок и тоа е јасно, но тој навистина сака да се подобри, и ќе работиме напорно за да го постигнеме тоа“, додаде тој.