Шефот на Генералното собрание на ОН шокиран од офанзивниот план на Израел за Рафа

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, Денис Френсис, синоќа изјави дека е вџашен од планираната израелска воена офанзива врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолија

„Шокиран сум и длабоко згрозен од веста за израелската воена офанзива во јужниот дел на Појасот Газа“, објави Денис Френсис, амбасадор на Тринидад и Тобаго во ОН, на социјалната мрежа Х.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера и нареди на армијата да поднесе план за евакуација на цивилите од Рафа и поразување на тамошните баталјоните на Хамас.

Френсис се приклучи на апелот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во име на многуте невини цивили, повеќе од еден милион, кои се засолниле во градот и немаат каде да заминат на безбедно.

„Во име на човештвото барам да се слушне нивната мака и да се одговори на нивните молби. Уште еднаш ги повторувам барањата на Генералното собрание на ОН за итен хуманитарен прекин на огнот, почитување на обврските на сите страни според меѓународното хуманитарно право и безусловно ослободување на сите преостанати заложници“, додаде Френсис.

Слични содржини