Шефот на грчката дпломатија во посета на Македонија

од Берта Китинска
186 прегледи

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска е во еднодневна посета на Северна Македонија, а предвидено е во Скопје да се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи, да биде примен од премиерот Димитар Ковачевски и да присуствува на работна вечера организирана од Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

-За време на посетата на министерот за надворешни работи, се очекува разговорите да се фокусираат на целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа, на дополнителното зајакнување на билатералните односи во сите области, вклучително и економијата, трговијата и енергетиката, како и на европската перспектива на Северна Македонија. Дополнително, во разговорите се очекува да бидат опфатени и случувањата на Западен Балкан и Источниот Медитеран, како и ситуацијата во Украина по руската инвазија, соопштија од грчкото МНР во пресрет на посетата на Дендиас.

Слични содржини