Шефот на Хамас: Израел и Хамас сè поблиску до договор за прекин на огнот

од Stefanija Kuzmanovska
158 прегледи

Шефот на Хамас, Исмаил Ханије, тврди дека Израел и палестинската милитантна група се приближуваат до договор за прекин на огнот во војната во Појасот Газа.

Во изјавата објавена на Телеграм, Ханије, кој се наоѓа во Доха, главниот град на Катар, наведе дека Хамас го дал својот одговор на Катар и другите посредници, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој не соопшти други детали.

Официјален претставник на Хамас, Изат ел Решик, утринава изјави дека во тек се разговори меѓу Хамас и Израел за привремено примирје за време на кое ќе се дозволи влез на помош во Појасот Газа, а дополнително ќе се разменуваат заложници и затвореници.

„Очекуваниот договор ќе вклучува ослободување на израелските заложници – жени и деца – во замена за ослободување на палестинските жени и деца во окупационите затвори“, изјави Ел Решик за телевизијата „Ал Џезира“.

Според него, деталите за примирјето ќе ги објават катарските власти, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини