Шефот на израелското воено разузнавање ја презеде одговорноста за масовните убиства на Хамас

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Шефот на израелската воена разузнавачка служба денеска изјави дека сноси одговорност за пропустот на разузнавањето што доведе до масовните убиства извршени од организацијата Хамас на 7 октомври.

„Во текот на сите претходни 11 дена, кога отидов во штабот на военото разузнавање, нагласив дека почетокот на војната беше неуспех на разузнавањето“, рече генерал-мајор Ахарон Халива, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека Дирекцијата за воено разузнавање била неуспешна во предупредувањето за терористичкиот напад на Хамас.

Слични содржини