Шефот на кабинетот на Вјоса Османи бара санкции против Вучиќ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Шефот на кабинетот на претседателката на Косово Вјоса Османи, Бљерим Веља, бара санкции за српскиот претседател Александар Вучиќ поради неговата неодамнешна изјава дека ќе спроведе дел од договорот, а дел нема.

Веља на Твитер сподели видео од гостувањето на Вучиќ на РТС кога тој зборува за спроведувањето на европскиот договор за Косово.

„Вучиќ на РТС за спроведувањето на договорот со Косово: Некои делови (од договорот) ќе ги спроведеме, а некои не. Јасно кажав што нема да спроведам. Јасна контрадикторност со договорениот став на ЕУ. Треба да следат санкции“, напиша Веља на Твитер.

Слични содржини