Шефот на литванската дипломатија: Војната во Украина ќе се реши само на бојното поле

од Nikola Popovski
73 прегледи

Членките на НАТО ќе мора да дадат безбедносни гаранции за да се постигне мир во Украина, изјави денеска литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, а во исто време нагласи дека војната во Украина „ќе се реши само на бојното поле“.

„Ако сакаме мир во Украина, ќе мора да обезбедиме безбедносни гаранции. Не постои поевтин начин да се обезбеди гаранција (за мир) од членот 5 од НАТО“, изјавил Ландсбергис, пренесе „Ројтерс“.

Според член 5 од Договорот за пристапување во НАТО, доколку една членка на НАТО биде нападната, сите други членки се обврзани да помогнат во нејзината одбрана.