Европа е „подготвена“ да „преземе иницијатива“ за обезбедување „безбедносни гаранции“ на Украина, изјави синоќа генералниот секретар на НАТО Марк Руте по итниот состанок за Украина одржан во Париз.
„Европа е подготвена и сака да се зајакне, да преземе иницијатива за обезбедување безбедносни гаранции за Украина“, изјави Руте, истакнувајќи дека тоа е она што го „извлекол“ од состанокот свикан на покана на францускиот претседател Емануел Макрон.
Според него, „Европа е подготвена да инвестира многу повеќе во нашата безбедност“.
Поранешниот холандски премиер сепак призна дека „се уште се одлучува за деталите“, но „посветеноста е јасна“.
Вознемирени од американско-рускиот дијалог за Украина, лидерите на клучните европски земји во Париз сепак делуваа поделени околу содржината на таквите безбедносни обврски, особено за можното испраќање војници во Украина.
Некои земји, како Франција и Велика Британија, покажаа подготвеност да го сторат тоа, под одредени услови. Други, особено Германија или Полска, сметаат дека оваа дискусија е прерана.