Претседателот на Олимпијакос категорично покажа дека нема да толерира слаби резултати, а освен парични казни на тимот, ги прати играчите на одмор, иако до крајот на сезоната има 3 круга.
Евангелос Маринакис се налути по нерешениот резултат со Левадиакос (1: 1), што ги остави црвено-белите на трето место, па потоа го казни тимот со 400.000 евра и ги распушти фудбалерите.
„Ќе го изградам Олимпијакос од темелите за да го направам тимот за кој сонуваме. Вие не се грижите за клубот, само за куќите и автомобилите што ги имате. Плаќам милиони и отпуштив тројца тренери, но очигледно проблемот сте биле вие“, бесен бил Маринакис, обраќајќи се директно кон играчите, цитиран од грчките медиуми.
За останатите дуели, Олимпијакос ќе се потпира главно на младинските играчи. Тимот од Пиреја заостанува 6 поени од лидерот АЕК и шансите за титула се само теоретски.