РЕАЛ МАДРИД го исфрли ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампионите, иако во еден момент Французите имаа вкупна предност од 2:0. Реал Мадрид со „хет-трик“ на Карим Бензема дојде до 3:2 и се пласираше во четвртфиналето на турнирот. Шпанците пишуваат дека болниот пораз тешко му паднал на шефот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи.
Тој, наводно, го барал главниот судија Дени Меккели, откако се обидел да упадне во неговата соблекувална. Не успеал да го пронајде па случајно влегол во канцеларијата на делегатката на Реал – Меги Давил. Еден од вработените во Реал го снимил целиот инцидент, што го налутило шефот на ПСЖ. Ал-Келаифи, наводно, му го турнал мобилниот телефон од рака, барал да ја избрише содржината и се заканил со зборовите „Ќе те убијам“.
Ал-Хелаифи потоа бил изнесен од неговите телохранители и бил спречен поголем инцидент.
ПСЖ на крајот испрати лице да им се извини во име на клубот на судиите и членовите на Реал Мадрид.