Шефот на Реал ја сака ѕвездата на Манчестер Сити

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Една од ѕвездите на Манчестер Сити, Кевин де Бруин е на чело на листата на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез за засилување на составот во летниот трансфер прозорец, пишува шпанскиот весник „Don Balon“.

Според медиумот, шефот на „кралскиот“ клуб е подготвен да инвестира минимум 200 милиони евра за летна селекција, а Де Бруин е најпосакуваниот од него фудбалер. 26-годишниот белгиски репрезентативец се смета за еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот во моментов. Од почетокот на сезоната тој има 11 гола и 19 асистенции од 38 натпревари на сите турнири.

Перез ќе го направи Де Бруин втор најскап играч во историјата по Нејмар, кој минатото лето ја замени Барселона со ПСЖ за 222 милиони евра.

Договорот на Белгиецот со „граѓаните“ е до летото 2023 година и е малку веројатно тие да сакаат да го продадат по крајот на сезоната.

Слични содржини