Извршниот директор на Манчестер Сити, Феран Сориано го коментираше привлекувањето на Ерлинг Халанд. Норвежанецот беше купен од Борусија (Дортмунд) за 75 милиони евра и вчера пристигна во градот на лекарски прегледи и официјално финализирање на зделката.
„Знаете колкава е сумата за трансфер. Таа е сосема разумна. Платата на Халанд е она што можеме да си го дозволиме и она што тој го заслужува“, рече Соријано.
„Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Баерн исто така можеа да си го дозволат Халанд, но тој не избра нас. Детално му објаснивме каков е нашиот проект. Сакаме да играме добар фудбал и да победуваме, а не да привлекуваме ѕвезди по секоја цена. Ни недостигаше централен напаѓач. Повеќе од една година бараме замена за големиот Серхио Агуеро и Халанд е вистинскиот човек“, изјави Сориано.