Шефот на српската дипломатија се сретнал со Марко Рубио, тврди дека ургирал за Додик

од desk2
33 прегледи Фотографија: Х - Marco Rubio

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, се сретнал со државниот секретар на САД, Марко Рубио, и од него, како што вели, побарал поддршка од владата на САД за Милорад Додик по пресудата против него од Судот на Босна и Херцеговина, пренесуваат српските медиуми.

Додик доби поништување на својот мандат како претседател на Република Српска, по правосилноста на неговата пресуда.

Додик официјално ја призна пресудата: Од Судот на БиХ побара откуп на затворската казна

Додик најави референдум за неговата претседателска функција