Шефот на СЗО обвинет за геноцид, случајот стигнал до судот во Хаг

од Nikola Popovski

Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејезус, треба да биде цел на истрага за геноцид, според барањето поднесено до Меѓународниот кривичен суд од страна на американскиот кандидат за Нобелова награда за мир, Дејвид Стејнман, a се додава i дека Етиопиецот може да биде вмешан во многу злосторства во неговата татковина. Гебрејезус ужива дипломатски имунитет како член на здравствената организација на ООН.

Гебрејезус беше клучен носител на одлуки во врска со дејствијата на безбедносните служби, кои вклучуваа убиство, лишување од слобода и тортура врз Етиопијци, пишува во жалбата доставена до Меѓународниот кривичен суд.

Авторот на поднесокот, американскиот економист и активист Стејнман, кој беше номиниран за Нобелова награда за мир во 2019 година, наведува дека етиопскиот биолог и истражувач играл улога во злосторствата извршени од различни етиопски безбедносни сили за време на неговиот мандат во етиопската влада.

Пред да ја преземе позицијата директор на СЗО во 2017 година, Гебрејезус прво бил министер за здравство на Етиопија помеѓу 2005 и 2012 година, а подоцна и министер за надворешни работи од 2012 до 2016 година. Во тоа време, тој, наводно, остварил барем делумна контрола врз националниот репресивен апарат, тврди Штајнман.

Обвинувањата изнесени од Американецот главно се темелат на претпоставката дека Гебрејезус, како висок владин функционер и висок член на партијата Тиграј за народно ослободителен фронт, која во тоа време била дел од владејачката коалиција, имал моќ над националната полиција и армијата.

„Благодарение на тоа што беше висок партиски функционер, Тедрос беше еден од само неколку етиопски службеници кои ги контролираа безбедносните сили“, изјавил Стејнман.

Како доказ, Стејнман главно ги цитира извештаите на Стејт департментот на САД за човековите права, како и извештаите на Хјуман рајтс воч, Амнести Интернешнл и разни западни институции.

Ниту еден од овие извештаи не го споменува Гебрејезус по име (или кој било функционер на етиопската влада), бидејќи тие главно известуваат за разни случаи кога националните сили убивале или апселе луѓе за време на масовни протести и немири што ја зафатиле нацијата за време на министерскиот мандат на Гебрејесус, како што беа оние во 2016 година.

Сепак, тоа не го спречи Стејнман директно да го обвини шефот на СЗО за соучество во геноцидот извршен од оние што ги нарекува свои подредени. Во жалбата се наведува дека Гебрејезус, наводно, го надгледувал „убиството и нанесувањето на тешки телесни и психички повреди на припадниците на племињата Амхара, Консо, Оромо и Сомали со намера да ги уништи тие племиња во целост или делумно“.

Сега на ред е обвинителите на Меѓународниот кривичен суд да одлучат дали ќе го прифатат поднесокот.

Слични содржини