Светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата со Ковид-19, изјави денеска шефот на Светската здравствена организација и ги повика земјите да продолжат со борбата против вирусот кој уби повеќе од шест милиони луѓе.
„Сè уште не сме стигнале до крајот, но се наѕира“, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на виртуелна прес-конференција.
Таа агенција на ОН соопшти дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 минатата недела бил најмал од март 2020 година, пренесе Ројтерс.
СЗО очекува брановите на инфекции со Ковид-19 да продолжат, но светот има инструменти како што се вакцини и антивирусни лекови за да спречи сериозни инфекции, рече Марија Ван Керхове, шеф на техничкиот оддел на СЗО.
Случаите на мајмунски сипаници исто така се во надолен тренд, но Тедрос ги повика земјите да продолжат со борбата.
„Како и со Ковид-19, нема време да се опуштите или да ја изневерите вашата стража“, порача првиот човек на СЗО.