Шефот на СЗО: Загрижени сме поради недостигот на информации од одредени области на Турција и Сирија

од Stefanija Kuzmanovska

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денеска во Женева дека СЗО е особено загрижена поради фактот што од некои области на Турција и Сирија не пристигнала информација за последиците од разорниот земјотрес.

„Мапирањето на штети е еден начин да разбереме каде треба да го фокусираме нашето внимание“, рече Гебрејесус на состанокот на Извршниот одбор на СЗО, пренесува „Ројтерс“.

Според последните податоци, повеќе од 5.000 е бројот на жртвите од вчерашниот разорен земјотрес во Турција и Сирија.

Слични содржини