Шефот на руските платеници, Евгениј Пригожин му рекол на министерот за одбрана Сергеј Шојгу во писмото објавено во понеделникот дека украинската војска планира офанзива со цел да ги отсече силите на „Вагнер“ од најголемиот дел од руските војници во источна Украина.
Во писмото објавено од неговиот прес-центар, Пригожин рече дека „напад од големи размери“ бил планиран за крајот на март или почетокот на април.
„Ве молам да ги преземете сите неопходни мерки за да спречите отсекување на групата „Вагнер“ од главните сили на руската армија, што ќе доведе до негативни последици за специјалната воена операција“, рече тој, користејќи го терминот што Москва го користи за војната во Украина.
Ова е прв пат Пригожин да објави ваква кореспонденција со министерот за одбрана, кого често го критикуваше за водењето на војната.
Необичниот потег има две можни цели: да ги измами украинските команданти, но и да се обиде да го обвини Шојгу, а не Пригожин, доколку наводниот украински напад се покаже како успешен.
Пригожин вели дека дава детали за украинскиот план и свој предлог да се спротивстави на него во прилог на писмото, кое не го објави. Тој не кажа од каде знаел за намерите на Украина.
Prigozhin wrote a letter to Shoigu in which he informed that soon the Armed Forces of Ukraine could cut off the Wagnerites in Bakhmut from the main group of Russian troops. pic.twitter.com/5DUOI0kNOq
— NOËL 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) March 20, 2023
Додаде дека силите на „Вагнер“ во моментов контролираат 70 отсто од украинскиот град Бахмут, кој се обидуваат да го освојат од минатото лето во најдолгата и најкрвавата битка од почетокот на војната.
Во одделни коментари објавени од регионален канал за вести на Телеграм, Пригожин рекол дека постои „голема веројатност“ рускиот град Белгород да биде една од целите на претстојната украинска офанзива.
Тој не обезбеди докази за да го поддржи неговото тврдење дека Украина може да изврши сеопфатен напад врз рускиот град.
Русија често ја обвинува Украина за организирање прекугранични напади со беспилотни летала и други средства. Украина не презеде одговорност за ваквите инциденти, но ги опиша како „карма“ за руската инвазија.