Шефот на Вагнер: Украинците ги враќаат загубените позиции во Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska
781 прегледи

Основачот и шеф на озлогласената руска платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, во текот на викендот објави дека украинските сили можеби вратиле некои од нивните загубени позиции во југозападниот дел на окупираниот град Бахмут.

Според Пригожин, извештаите покажуваат дека украинските сили воспоставиле набљудувачки пунктови во градот и ги принудиле руските сили да реагираат.

Да потсетиме, заменик-министерот за одбрана на Украина, Хана Маљар, исто како и другите украински функционери, тврди дека украинските сили се уште држат позиции во градот чија целосна окупација беше прогласена од Пригожин пред две недели.

Украински генерал: Продолжуваме со напредувањето кај Бахмут

Сепак, интересно е што еден од најважните украински генерали денеска објави дека украинските сили „продолжуваат да напредуваат“ кај Бахмут. Олександр Сирски, командант на украинската копнена армија, објави дека украинските сили успешно ја уништиле руската позиција кај Бахмут.

Сирски не ја спомена долгоочекуваната украинска контраофанзива, но неговите коментари дојдоа откако руското министерство за одбрана соопшти дека ја одбило големата украинска контраофанзива во Доњецк во која наводно загинале 250 украински војници.

Слични содржини