Шефовите на Баерн подготвуваат масовна чистка

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Баерн (Минхен) е на прагот да ја пропушти титулата во Бундеслигата за прв пат по 2012 година, а во Германија веќе сугерираат дека ќе има голема чистка на тимот на лето. Во моментов само четворица играчи можат да бидат сигурни во своите места.

Иако Макс Еберле се уште не пристигнал во клубот, неговото име веќе одекнува на Алијанц Арената. Се очекува тој да ја преземе функцијата нов спортски директор на шесткратниот европски шампион.

Еберле треба да го преземе тимот во март, а неговата задача ќе биде сосема јасна – да го започне потребниот процес на промени во тимот и да донесе важни одлуки околу продажбата на одредени ѕвезди.

Најитна задача е да се обнови столбот на тимот по заминувањето на лидерите како Давид Алаба, Тиаго Алкантара и Роберт Левандовски.

И покрај тоа што инвестираше повеќе од 150 милиони евра во одбраната од 2021 година, Баерн допрва треба да најде наследник на Алаба.

На Баварците им недостига лидер во одбраната. Упамекано, првично избран за улогата, прави премногу грешки, додека Ким има проблеми со комуникацијата.

Многумина го гледаа Де Лихт како иден лидер на одбранбената оска, но Томас Тухел не се потпира многу на него.

Кога станува збор за средниот ред, фрустрацијата на Кимих откако беше заменет во неодамнешниот пораз од Бохум совршено го сумира тоа. Изгледа дека е презаситен од улогата на лидер на теренот и му треба некој да го поддржи.

И ова лето Тухел инсистираше да донесе засилување во средниот ред и Еберле ќе мора да поработи на тоа. Доведувањето плејмејкер по заминувањето на Тиаго е исто така клучна задача за Еберле.

Што се однесува до Хари Кејн, кој досега постигна 25 гола на 22 првенствени натпревари, тој сепак ќе биде прв напаѓач на тимот, но има простор за подобрување и кајнего. И покрај тоа, Англичанецот може да се смета за недопирлив во Баерн.

Слични содржини