608
Претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански попладнево информира дека старото македонско знаме со 16 краци станало официјално знаме на општина Лозово.
-Велигденскиот подарок за Македонците каде и да се. Сакам да ве известам дека денес успеавме и ова е за прв пат во Македонија, македонскиот национален симбол да биде официјален во една општина. Се надевам дека предлогот на ТМРО ќе биде прифатен и во другите општини, објави Шехтански на Фејсбук.