Боксерскиот меч меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол предизвика големо внимание во јавноста, а поранешниот јутјубер победи на поени.
Многумина сè уште веруваат дека „Железниот Мајк“ намерно му попуштил на Пол да победи и дека натпреварот е наместен.
Сега пристигна нова луда понуда за познатиот боксер.
Имено, од Саудиска Арабија пристигнуваат информации дека Турки Алалшик, тамошен бизнисмен и претседател на саудиската „General Entertainment Authority“ е подготвен да му понуди на Мајк Тајсон она што тој никако не би требало да го одбие.
Според информациите, тој е подготвен да понуди 700 милиони долари за нова борба меѓу двајцата, но има еден услов.
Сите 700.000.000 долари ќе му припаднат на Мајк Тајсон, но само доколку го нокаутира Пол во првите три минути од борбата.
„Џејк Пол е шега, му давам на Тајсон 700 милиони долари доколку се согласи на нова борба и ако овој пат одработи вистинска борба против Пол и го нокаутира за три минути“, изјавил Алалшик.