Шеќеринкса: Македонија следната недела ќе ја добие поканата за членство во НАТО

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Македонија следната недела ќе ја добие поканата за членство во НАТО, по што ќе почне процесот на ратификување на протоколите за пристапување, а претставници од земјава ќе присуствуваат на сите состаноци на Алијансата, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Свечената церемонија на која на Македонија ќе и биде врачена поканата за членство ќе се одржи во Брисел на Самитот закажан за 11 и 12 јули, пренеува Нова ТВ.

„Со влезот во овој најмоќен сојуз, Македонија добива безбедна иднина и сигурен економски развој“ рече Шеќеринска.

Во пресрет на поканата за влез во НАТО, Владата на денешната седница го усвоила  Стратегискиот одбранбен преглед за долгорочен развој на Армијата, на кој се работело цели 12 месеци.

Слични содржини