Шекеринска: 12 лекари и 20 медицински сестри ќе ги засилат воените екипи кои помагаат во здравството,

од Берта Китинска
134 прегледи
Oд понеделник дополнителни 12 лекари и 20 медицински сестри ќе ги засилат воените екипи кои и во моментов помагаат во здравството, најави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
-Полициските и воените сили ќе бидат сконцентрирани на поддршка на здравствените институции. Министерството за внатрешни работи координира со Армијата и со Министерството за здравство, за тоа кои луѓе, каде ќе бидат распоредени. Очекувам врз база на побарувањата од Министерството за здравство во текот на утрешниот ден да започне распоредувањето, соопшти Шекеринска.