Во рамки на презентирањето на новиот реновиран објект во касарната Илиндер, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на новинарско прашање одговори за вонредната состојба која се уште владее во земјава, но и за војничките капацитети кои се во служба на цивилниот медицински персонал.
„Ние имавме и вонредна и кризна состојба и двете се разликуваат, а она што е заедничко е дека АРМ е ставено во функција да помогнат на цивилниот медицински персонал. Истовремено, војниците од Армијата се во служба и на полицијата, каде помага во уредување на редот на почитување на сите протоколи“, истакна Шекеринска.