Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска објави дека модернизацијата на Армијата не запира.
„По новата лична опрема, спортска и алпинистичка опрема, АБХО, гортекс одела, инженериските машини, влечни возови, дел од армиските капацитети ќе станат и овие нови лесни оклопни возила од американско производство“, соопшти Шекеринска од Криволак.
„Денес на Криволак се уверивме во нивните исклучителни перформанси. Така ја личи нашата Армија во НАТО, додава министерката.
Заменик-началникот на ГШ на АРСМ нагласи дека еден од клучните фактори за модерна и ефикасна армија способна за извршување на мисијата од Уставот на Македонија и успешно извршување на мисиите во рамки на НАТО е опременоста.
– Генералштабот заедно со Министерството за одбрана навремено ги согледа потребите за модернизација и опремување на Армијата што паралелно со проекциите за буџетот и планот за трансформација се правени проекции за потребните материјално-технички средства и борбена опрема. По полноправното членство во НАТО со добивање со пакетот на цели на способности и квалитативни цели јасно ги дефиниравме очекувањата и приоритетите за опремувањето и модернизацијата на Армијата, процес што се одвива и ќе се одвива согласно предвидената динамика, а врз основа на долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2019-2028 и согласно Законот за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста, рече Нуредин.