Шекеринска: Армиските припадници да бидат тргнати настрана од партиските битки

од Берта Китинска

Министерката за одбврана Радмила Шекеринска вели дека армиските припадници треба да се тргнат настрана од партиските битки, откако ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе 2.000 амандмани на предлог законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата .

– Ако некој треба да биде тргнат настрана од нашите партиски битки, тоа дефинитивно се армиските припадници. И сега за еден човек и една група околу него лично профитираат, тие се спремни да ги фрлат низ вода сите интереси на припадниците на армијата , на војници, на офицери, на подофицери, кои што и онака ги заборавија 11 години. Мислам дека малку мерка во политизирањето на се и сешто во државата мора да покажат сите пратенички групи, рече Шекеринска.

Слични содржини