Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска не очекува дека без партнер од другата страна и со техничка влада, како што изјави, е можен пресврт во однос на односите со Бугарија за нашето членство во ЕУ. Но, она што треба да го правиме до јуни, нагласи таа, е да ги потсетуваме сите оти ние нашите обврски ги исполнивме и очекуваме ист тип посветеност и доследност и од страна на ЕУ.
-Има едне дел од обврски што не зависат од нас. Ние не можеме да ја избериме бугарската влада и не можеме да го создадеме преговарачот од другата страна. Тоа на што не можеме да влијаеме погрешно е да го прогнозираме, одговори министерката Шекеринска денеска по промоцијата на новите 55 подофицери во скопската касарна „Илинден“, на новинарско прашање дали можеме да се надеваме на позитивен одговор во јуни за почеток на преговорите со ЕУ.