Триесетина наши армиски припадници кон крајот на ноември учествуваа на обука за војување во урбана средина, што се одржа во Грција., информираше преку својот Фејсбук, министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
-Членството во НАТО не само што ги зголеми шансите за усовршување на вештините на нашите војници и офицери туку и го прошири полето на одбранбената соработка и она што пред пет или повеќе години беше незамисливо денеска е реалност, напиша Шекеринска.