„Борбата со национализмот и против корупцијата во нашиов регион не може да ја издејствува ниту еден американски претседател“, вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска за емисијата „360“, коментирајќи ги можните санкции на претседателот на САД, Џо Бајден за тие што не го почитуваат Преспанскиот договор и се залагаат за корупција.
Според неа, ако кон тоа не се насочат домашните лидери и граѓани, тогаш одлуките на Бајден нема да можат да имаат значење.
„Чувствувавме дека САД го изгуби интересот кон Западен Балкан, но сето тоа сега се промени. Пред неколку недели Блинкен изјави дека ние мораме да покажеме дека нашите вредности се едно исто со нашите опции. Ова го гледам како дејствување, а не само зборување“, потенцира Шекеринска.
Таа додава дека грешиме ако на оваа случка што се однесува на нас и на Западен Балкан гледаме како изолиран интерес и изолирана акција.
„САД повторно се враќаат на темата на демократски вредности“, смета Шекеринска.