Шекеринска до Николовски: Не успеавме за 2 години да го исчистиме целото ѓубре што го направивте

од Viktor Jovanov

Одложувањата на рочиштата и отпочнување од почеток на судските предмет како Титаник, Талир нема да можат да бидат толку лесни. Тоа е болката на ВМРО-ДПМНЕ за законот за ЈО, изјави министерката за одбрана и потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

-Се согласувам, не чека уште борба со корупцијата, за 2 и пол години не успеавме да го исчистиме целото ѓубре што го оставивте, му се обрати Шекеринска на Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додава дека се уште останале судиите од тефтерчето на Гордана Јанкуловска каде што ставала плусови на судиите и од кој член на партијата бил предложен судијата.

Слични содржини