179
Американската администрација се враќа на темата на демократски вредности. И кај нив и во НАТО документите доминантен е ставот дека државите кои нема да знаат да се носат со популизам, со национализам и со корупција, стануваат меко ткиво во НАТО Алијансата за влијание од страна, изјави синоќа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Самитот на НАТО, според неа, е шанса и за пробивање на патот, за доближување кон првата меѓувладина конференција со ЕУ.
– Самитот ќе биде можност за директен контакт и за испраќање на нашата порака пред сите светски лидери. Да покажеме дека одлуката на европските земји членки нема да биде само тактика, ќе биде многу геополитика, истакна таа.