„Голема е промената, да бидете во комуникето спомнати како држава во конфликт, да бидете спомнати со надеж дека ќе станете членка, која заврши со вето и да се провлекува се подолу на агендата, до оваа ситуација каде нашето членство се смета за еден од успесите на Алијансата“, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска за емисијата „24 анализа“.
Според неа, ова е доказ дека борбата не била залудна,а решавањето на спорот не бил залуден.
„Проблемот со Бугарија мораме да го решиме и со поддршка на НАТО и членките на ЕУ, но не значи дека треба да бидеме наивни и дека некој друг ќе го дојде со пакетчето и ќе ни каже ова е решението. Ние мораме да бидеме најзаинтересирани и да бараме дополнителен ангажман од европските партнери“, потенцира Шекеринска.
Таа вели дека ставот на Макрон каде што тој презема обврски за наши преговори со ЕУ е голем чекор напред.
„Нашето членство ќе биде долг процес и воопшто нема да биде лесен“, смета Шекеринска.