Шекеринска: Фашизмот нема етничка боја

од Берта Китинска

Темните страници од балканската историја не треба да ни бидат судбина и ако европските нации најдоа сила да не забораваат, но да простуваат, тоа треба да го правиме и ние. Нашиот обид како Влада е да наоѓаме решенија кои ќе ни обезбедат европска иднина, изјави  денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во однос на вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев.

– Фашизмот нема етничка боја. Денес кога зборуваме за нашите односи со Германија, не дозволуваме тие односи, како ни односите меѓу Франција и Германија, да бидат доминирани од прашањето на фашистичкото минато. Прашањето не е дали ќе ја читаме или ќе ја заборавиме историјата, треба да се памети историјата.Треба да најдеме европски решенија. Ние како Влада покажавме дека сме подготвени на изнаоѓање компромиси, но кажуваме ‘не’ за предлозите кои се неприфатливи, изајви Шекеринска.

Слични содржини