„Оваа партија и влада може да преживее само со успешна борба против корупцијата“, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска за емисијата „24 анализа“.
Според неа, до 2020 година немавме функција вицепремиер за борба против корупцијата.
„Постоеше ли едно интервју со било кој од Влада на кој не ни поставивте прашање за корупцијата. Ние сме одговорни пред граѓаните за да работиме против корупцијата и има огромни легални и легитимни инструменти, како на пример се што објавуваме и тоа што во Министерството за одбрана направивме 100 % транспарентност. Тоа е еден начин за борбата против корупцијата. Функцијата на Љупчо Николовски не ја доживеавме како судија, обвинител и полицаец во едно. Тој не треба да суди и пријавува. Тој треба да обезбеди системот од внатре да ја прави корупцијата потешка и повидлива. Тоа е транспарентност“, посочува министерката.