349
Денеска попладне министерката за одбрана Радмила Шекеринска и помошникот на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања, Мара Карлин, истовремено во Скопје и во Вашингтон ќе го потпишат новиот Меморандум за соработка во одбраната помеѓу Северна Македонија и САД. На потпишувањето на Меморандумот во Министерството за одбрана ќе присуствува и амбасадорката на САД, Кејт Брнз.
Новиот Меморандум за соработка ќе го замени постојниот Меморандум потпишан во далечната 1994 година и ќе ја отслика новата и исклучително интензивна одбранбена соработка која постои помеѓу двете земји кои остануваат стратешки партнери, но сега веќе и сојузници во НАТО – Алијансата.