Шекеринска имала сообраќајка кај Гевгелија, не е повредена

од Vladimir Zorba
102 прегледи

timthumb (1)

Радмила Шекеринска, заменик претседател на СДСМ,  утринава доживеала сообраќајна несреќа, со возилото во близина на Гевгелија. Таа заедно со своите родители патувала кон Гевгелија. Во сообраќајката е повредена 27 годишна гевгеличанка. Несреќата се случила на магистралата Гевгелија-Демир Капија на клучката за с. Мрзенци. Од полицијата информираат дека девојката од Гевгелија се враќала од работа.  Но, во еден критичен  момент таа изгубила контрола врз возилото, по што удрила во пластичната заштитна ограда крај магистралата, а потоа во џипот, во кој била Шекеринска.

Шекеринска за Фокус ја потврди информацијата.

-Се уште сме тука, на местото на несреќата. За среќа сме добро, но девојката што удри во нас е повредена. Поради изградба на патот, во функција е само една лента, но девојката која што удри во нас, од спротивната страна, на недозволено место се обиде да претекнува камион, па удри во заштитната ограда, а потоа и во нас, изјави Шекеринска .

Информацијата ја потврдија и од седиштето на СДСМ.