Шекеринска: Име две опции – поддршка за уставните амандмани или избори

од desk2
105 прегледи

Мора да се чуе гласот на над 610 илјади граѓани кои кажаа „за“ на последниот референдум. За тоа остануваат две опции – да се добие двотретинско мнозинство во Собранието за уставни измени или да се оди на предвремени парламентарни избори, изјави вицепремиерката и потпретседател на СДСМ Радмила Шекеринска во вечерашното гостување на 1ТВ.

За ставот на ДУИ во врска со овие две опции, Шекеринска рече дека во владината коалиција има согласност, и за спроведувањето на Договорот со Грција кој е врзан со рокови и за евентуални избори. Согласни сме дека посакувана е опцијата А – Собранието со двотретинско мнозинство да ги усвои амандамните на Уставот, но ако тоа не успее јасно е дека најразумна опција е планот Б – предвремени избори, рече Шекеринска. 

Вели дека за владејачкото мнозинство се неприфатливи нови преговарања во формат на лидерски средби имајќи предвид дека станува збор за куси рокови кои треба да се исполнат и затоа не треба да се губи време.

Истакна дека и пораките кои деновиве доаѓаат од меѓународната заедица се јасни за поддршка на продолжувањето на имплементацијата на Договорот со Грција, а особено се потенцира и одговорноста на политичките фактори кои тоа нема да го поддржат, посочувајќи на денешното предупредување од владејачката германска ЦДУ-ЦСУ до македонската опозиција дека со блокада на имплементацијата на Договорот ризикува долгорочна изолација на земјата.

Шекеринска рече дека во моментов нема разговори меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за евентуален договор, а немало ниту обиди за посредување од меѓународната заедица.

Посочи дека рокот за договор со опозицијата за поддршка во Собранието е седум до 10 дена и оти потоа останува опцијата – предвремени избори. 

За поставените услови од ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори – Пржинска влада, јавен обвинител и Анкетна комисија за референдумот, Шекеринска оцени дека се неразумни и оти се обид за избегнување на изборно соочување. – ВМРО-ДПМНЕ не е во позиција да поставува услов за предвремени избори. Не сакаат избори зашто знаат дека не можат да добијат и дека ќе изгубат катастрофално. Барањата се алиби за да нема избори, рече Шекеринска.

Таа не очекува ВМРО-ДПМНЕ да ги бојкотира изборите. Го обвини нивниот лидер Христијан Мицкоски дека ја излажал меѓународната заедница за референдумот со тоа што едно кажувал и ветувал на средбите со нив, а друго одработувал на терен.

Шекеринска повтори дека мора да се почитува вплјата на анд 610 илјади граѓани бидејќи, како што наведе, досега толку многу луѓе не застанале за некоја политичка опција.

Слични содржини