Шекеринска избрана за потпретседател на Партијата на европските социјалисти

од Vladimir Zorba
164 прегледи

На Когресот во Берлин ме избраа за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), информираше поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

„Честа е дотолку поголема што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската унија.

Благодарност до новиот претседател Стефан Лвен, кој го даде предлогот и до сите мои колеги кои го поддржаа“, сподели таа на социјалните мрежи.

Слични содржини