208
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска упати честитки до новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за нејзината замена како заменик-претседател на СДСМ – Сања Лукаревска.
„Честитки и за реизбраните. Бидете храбри, бидете одлучни, бидете силни. Водете за да останеме најдобри. Трчајте, за да не ве претекнат. Зборувајте за да не ве замолчат. Очите секогаш нека ви бидат вперени во хоризонтот. Невозможното направете го возможно. Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани. Да живее СДСМ!“, сподели Шекеринска на Фејсбук.