Шекеринска: Моравме постигнеме разумни, но долгорочни одржливи компромиси за да го решиме застојот во односите со Грција, а потоа да се приклучиме кон НАТО

од Nikola Popovski
58 прегледи

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, изјави дека без напредок во дијалогот со Србија за Косово, нема напредок на евроатлантскиот пат.

Променетата безбедносна ситуација во светот, враќањето на војната на европскиот континент и растечките геополитички тензии повторно го доведоа Западен Балкан во фокусот на НАТО.

Иако постојат шпекулации дека Косово би можeло преку „скратен пат“ до НАТО, вториот човек во Алијансата во интервју за „КиМ радио“ е јасна: без напредок во дијалогот со Белград – нема напредок ниту на евроатлантскиот пат.

„Само нормализацијата на односите меѓу двете страни може да ја отвори вратата за понатамошна интеграција и постабилна иднина“, подвлекува Шекеринска. Додала дека поддршката за КФОР е сè уште силна, но дека очекувањата од локалните политички актери се јасни.

„Нашето присуство во КФОР, со поддршка на бројни сојузници, претставува многу значајна инвестиција. Сојузниците отсекогаш нагласувале дека се подготвени да продолжат со таа инвестиција, но да очекуваат позитивни резултати. И затоа дијалогот меѓу Белград и Приштина е исклучително важен“, вели Шекеринска.

Таа потсетила дека КФОР е најдолгата активна мисија на НАТО и дека игра клучна улога во зачувувањето на мирот, не само во Косово, туку, според нејзините зборови, во целиот регион на Западен Балкан.

Сепак, военото присуство не може да го замени она што недостасува, имено политичкиот компромис, додаде таа, наведувајќи го примерот на Македонија.

„Доаѓам од земја која речиси 30 години се обидуваше да стане членка на НАТО. Потребно беше време бидејќи имаше политички пречки, и како што секогаш им кажувам на моите соговорници во Приштина, моравме да донесеме тешки политички одлуки и да постигнеме разумни, но долгорочни одржливи компромиси за да го решиме застојот (во односите) што ги имавме со соседна Грција, а потоа да се приклучиме кон НАТО алијансата“, изјави Шекеринска.

Иако Шекеринска оценува дека соработката меѓу српските вооружени сили и КФОР е отворена и професионална, инцидентите од 2023 година, рече таа, предизвикуваат загриженост, па затоа НАТО очекува поголема одговорност.

„Бевме загрижени за насилните инциденти во 2023 година и затоа продолживме да бараме од нашите партнери и колеги во Белград да преземат одговорност за тие настани. Ниеден сојузник не сака да ги види своите трупи загрозени од обновено насилство и затоа продолжуваме да комуницираме со властите во Приштина, како и со нашите соговорници во Белград“, додаде актуелната функционерка во НАТО.

Слични содржини