Шекеринска: Наместо да обвинува, би било корисно опозицијата барем еднаш да помогне

од Берта Китинска
185 прегледи

Дискутираме како да го надминеме впечатокот кој го има Бугарија дека спроведувањето на Договорот за пријателство не е на нивото кое што го посакуваме, но најважно од се дискутираме како да ја добиеме и нивната поддршка бидејќи останатите држави членки на ЕУ се сложни да ги почнеме преговорите и да се организира првата меѓувладина конференција, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во одговор на новинарско прашање за обвинувањата од опозицијата за национално предавство, таа посочи на изјавата на премиерот Зоран Заев дека идентитетските прашања не се на масата на разговори со Бугарија.

– Премиерот имаше многу јасна изјава дека темите коишто се однесуваат на нашиот идентитет, прашањето од типот на македонски јазик, македонски идентитет не дозволува да бидат ставени на масата за преговори. Но, за сите други прашања коишто значат добри меѓусоседски односи и кои можат да ни ги отворат европските врати сме подготвени да дискутираме затоа што имаме доверба во себе, во нашата држава, во нашата историја и во нашиот идентитет, рече Шекеринска.

Според неа, четири години ги слушаме обвинувањата, а после четири години можеме да кажеме дека државата успеа во својот прв стратешки приоритет да стане членка на НАТО.

– Наместо обвинувања, мислам дека би било корисно опозицијата барем еднаш да се потруди да ги помогне овие национални цели, вели Шекеринска.

Слични содржини