Нова поддршка од НАТО сојузниците во справувањето со пожарите – Романија испраќа авион со голем капацитет за гасење. Благодарност до романскиот министер Николае Јонел Чука што реагираше веднаш на моето барање ова утро, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска
Претходно таа пристигна во Криви Дол, Овче Поле и се заблагодарам на припадниците на Армијата кои со својата брза реакција кои обезбедија пожарот да не се доближи до тамошниот воен магацин за муниција.
– Тие го проширија противпожарниот појас и не дозволија објектот да биде зафатен од огнот. Благодарност до градоначалникот на Штип Сашко Николов и пожарникарите кои помогнаа. Стотици војници неуморно го гаснат огнот од земја и од воздух во најкризните подрачја, истакна минстерката.