260
Министерката за одбрана на РСМ, Радмила Шекеринска денеска оствари средба со министерот за одбрана на Кина, генерал Веи Фенгхе.
-Се согласивме дека ниту една држава не може да ја искорени пандемијата доколку целиот свет не соработува. Побарав од министерот да се заложи за побрза испорака на кинеските вакцини во Северна Македонија, напиша Шекеринска на Твитер.